Фудбалерот на Рома, Давиде Заниоло парично е казнет како и неговиот клуб, затоа што при прославата минатата сезона за освојувањето на Конференциската лига, јавно со мегафон го навредувал лутиот ривал Лацио. Камерите тоа го забележале и тој заедно со Рома ќе мора да платат казна од по 4000 евра.
Парите заминуваат во хуманитарни цели.
Инаку Рома со 1:0 во финалето беше подобра од холандски Феенорд, а стрелец на единствениот гол на мечот беше токму Заниоло.