Кадетките го потврдија првото место: Убедлив триумф над Иран (ВИДЕО)

305

Женската кадетска репрезентација на Македонија ја обезбеди и третата победа во групната фаза на Светското првенство во Скопје. Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ нашите надежи славеа со убедливи 31:19 против селекцијата на Иран и го потврдија првото место во групата.

Првото полувреме го одигравме малку во грч, па им дозволивме на Иранките да останат во егал скоро до крајот на полувремето. На одмор заминавме со плус 3 (11:18), а веќе во второто полувреме до израз дојде нашиот вистински квалитет.

Предводени од триото Дукоска, Ризоска, Младеновска, на кој им се приклучи и Јанкуловска, нашата репрезентација константно ја зголемуваше предноста и на крајот дојде до нов убедлив триумф.

Најефикасна во нашиот состав со 6 гола беше Дукоска, додека Младеновска, Ризовска, Јанкуловска и Коцева завршија со по 4 гола.

 

ПретходноАгентот на Кепа е во Италија: Шпанецот ќе биде нов соиграч на Елмас?
Следно600 билети за навивачите на Шкендија за мечот во Стокхолм