Шкупи за влез во групната фаза во Лигата на Европа ќе се бори против поразениот од двомечот меѓу Карабах и Ференцварош, тоа е двомеч од 3.квалификациско коло во ЛШ.
Секако, оваа варијанта да се оствари, ќе треба прво нашиот шампион во третата квалификациска рунда во Лигата на Европа да го помине Шамрок Роверс од Р. Ирска. Да се надеваме дека тоа и ќе се оствари, а ако се оствари, тогаш тимот на Гоце Седлоски без разлика што ќе направи во плеј – офот против поразениот од двомечот Карабах – Ференцваро, ќе има загарантиран пласман во групната фаза во Лигата на Конференции.
Инаку мечевите од плеј – офот во ЛЕ се закажани за 18 и 25 август.
Да се надеваме дека Шкупи ќе го повтори историскиот успех на Вардар, кој играше во групната фаза во ЛЕ во таа сезона 2017/2018.
Во продолжение можете да ги видите можните двојки за плеј – офот во Лигата на УЕФА.