ЛШ—3.квалификациско коло: Бугарски предизвик за Ристовски и Адеми!

169

Вечерва се играат првите мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, вкупно пет. За нас интересно ќе биде да видиме како ќе одиграат Аријан Адеми и Стефан Ристовски во дресот на Динамо Загреб на гостувањето во Бугарија кај Лудогорец. Секако дека ова ќе биде тешка пречка за “модрите“ кон патот во групната фаза во Лигата на Шампионите. Да потсетиме дека Динамо Загреб во минатото коло го елиминира нашиот првак, тимот на Шкупи.

Во продолжение можете да ги видите сите пет двојки за вечерва во квалификациите во Лигата на Шампионите.

ДВОЈКИ ЗА ВЕЧЕРВА

19:00:Шериф Тираспол (МОЛ) – Плзен (ЧЕШ)

19:45: Лудогорец (БУГ) – Динамо Загреб (ХРВ)

20:00: Монако (ФРА) – ПСВ Ајндховен (ХОЛ)

20:45: Ројал Унион (БЕЛ) – Ренџерс (ШКО)

21:00: Бенфика (ПОР) – Мидтјилан (ДАН)

ПретходноРистo Јанков потпиша за романски второлигаш!
СледноРакометарките против Иран за заверка на првото место!