Ракометарките против Иран за заверка на првото место!

261

Македонската женска ракометна репрезентација У18 вечерва (20:30 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ го игра последниот меч од групната фаза на Светското првенство кое се одржува во Скопје.

По стартните победи против Индија и Узбекистан, избраничките на Љубомир Савевски ќе играат против Иран. Станува збор за противник кој има две победи, исто колку и „црвено-жолтите“. По подобриот од оваа средба ќе патува како првопласиран во главната рунда и ќе пренесе два бода.

Доколку Македонија го освои целиот плен за пласман во четвртфиналето ќе и биде потребна само една победа.

Дуелот меѓу Македонија и Иран можете да го гледате на линкот во продолжение. Влезот во СЦ „Борис Трајковски“ е слободен.

ПретходноЛШ—3.квалификациско коло: Бугарски предизвик за Ристовски и Адеми!
СледноСе смешка групна фаза: Оваа шанса Шкупи не смее да ја испушти – НИКАКО!