Досегашниот стопер на тимот на Работнички, интернационалецот од Црна Гора, Момчичо Рашо си замина од клубот од Д. Маало и ќе ја продолжи својата кариера на Малта. Поточно, во тимот на Балзан.
Неговиот трансфер е помалку за изненадување затоа што е пред самиот старт на шампионатот, но најден е заеднички јазик па Рашо од вчера повеќе не е дел од тренинзите на Работнички.