Тен Хаг продолжи со распродажба на играчи!

304

Манчестер Јунајтед и Севиља постигнаа договор, Алекс Тељес кариерата ја продолжува во Шпанија.

Оваа вест ја потврди и Фабрицио Романо, слевиот бек прифатил да се пресели во Севиља, а останува уште клубовите да се договорат за обештетувањето.

Неговото заминување се очекуваше откако Ерик тен Хаг го донесе Тајлер Маласија од Фенорд.

Тељес е уште еден во низата играчи кои летово го напуштија Манчестер Јунајтед, по Пол Погба, Немања Матиќ, Хуан Мата, Единсон Кавани, Џеси Лингард…

Тој пристигна во Јунајтед од Порто на барање на Оле Гунар Солскјаер, на крајот од летниот преоден рок во 2020 година за 15 милиони евра.

ПретходноФранција им се закани на кошаркарите кои планираат да играат за руски тимови!
СледноАлиоски е во Истанбул и веднаш замина на лекарски прегледи (ФОТО)