Тер Штеген: Сите сакаме Де Јонг да остане

218

Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген откри дека сите во клубот се надеваат дека Френки де Јонг ќе остане. Фудбалерот го бараат Манчестер Јунајтед и Челзи, а дури се појавија информации дека управата на Барса веќе ја прифатила понудата од ЈУнајтед и дури го притискаат Холанѓанецот да се согласи на трансфер поради високата плата. Засега, сепак, играчот од средниот ред одбива да си замине, што изгледа ги радува соиграчите.

“Секако дека сите го сакаме најдоброто за тимот. Де Јонг е фудбалер од врвна класа и сакаме тој да остане во клубот. Сепак, тоа не зависи од мене, туку од клупските шефови”, призна Тер Штеген.

 

ПретходноЛЕ: Шкупи во плеј-офот ќе игра со Карабах или Ференцварош, ако го мине Шамрок!
СледноЛК: Шкендија во плеј – офот можеби со Џани и Фенербахче,Шкупи евентуално со Балкани или Клаксвик!