Трансфер: Осијек го претстави големиот талент на Пелистер Михаил Талевски!(ФОТО)

1632

И официјално, големиот талент на Пелистер, Михаил Талевски од денеска е нов член на НК Осијек, еден од најгоемите клубови во Хрватска. Талевски има само 18 години, член е на младата репрезентација на Македонија до 19. години, игра во нападот, висок е 181 см, а претходно бече член и на Работнички/

Овој трансфер е одработен од страна на Остоја Стјепановиќ, нашиот некогашен репрезентативец, кој помогна во тоа Пелистер да добие отштета а и процент од следниот трансфер.

No description available.

Инаку Талевски бил интересен и за ТСЦ Бачка Топола, потоа Чукарички и Олимпија, но сепак Осијек бил најконкретен.

Во прво време Талевски ќе игра за Б -тимот на Осијек или пак ќе биде позајмен во некој од второлигашките клубови оваа сезона. Инаку договорот е со важност од три години.

ПретходноЛК: Шкендија во плеј – офот можеби со Џани и Фенербахче,Шкупи евентуално со Балкани или Клаксвик!
СледноЖота и Ливерпул со нов договор! (ФОТО)