Уште еден Вардарец оди во ППД Загреб!

1966

ППД Загреб во новата сезона ќе биде далеку посилен. Покрај Иван Чупиќ во дресот на хрватскиот тим ќе ги гледам Вуко Борозан и Тимур Дибиров, а според најавите најверојатно стратегот, Ивица Обрван на располагање ќе има уште еден играч од редовите на Вардар 1961.

Станува збор за Стефан Додиќ. Тој во новата сезона требаше да замине во Келце, но раководството на клубот одлучи да го даде на позајмица уште една година, а потоа дури ќе замине во редовите на полскиот тим.

„Имаме една сериозна опција. Тоа е Загреб. Ако таа опција пропадне, одново ќе се вратиме назад на темата каде би можел да оди“, Бертус Сервас, претседателот на Келце.

Додиќ во Металург почна да ја гради својата кариера, од таму замина во Охрид и на крајот заврши во Вардар.

ПретходноСтајиќ останува во Битола
СледноЛевандовски се врати во Минхен, навивачите огорчени (ВИДЕО)