Фенер со први фотографии го престави Алиоски: „Добредојде во нашето семејство“

1350

Турскиот фудбалски гигант Фенербахче предмалку и официјално го потврди трансферот на нашиот репрезентативец Езџан Алиоски. Левиот бек доаѓа во Истанбул како позајмен играч на 1 година од саудискиот состав Ал Ахли.

Членот на управата на Фенербахче, Селахатин Баки го потпиша договорот со Алиоски, по што и официјално беа објавени првите фотографии на новото засилување на Фенер.

„Добредојде во нашето семејство“, му порачаа од турскиот гигнат на Алиоски.

ПретходноАлиоски е во Истанбул и веднаш замина на лекарски прегледи (ФОТО)
СледноШкупи трие раце: Дарбое потпиша за Ал Наср и ќе ја наполни касата на чаирчани