Денеска во Нион ќе се одржат ждрепките за плеј – офот во ЛШ, ЛЕ и ЛК. Шкупи и Шкендија се единствените наши екипи кои останаа и натаму во Европа, со шанса да стасаат во плелј – офот во ЛЕ и ЛК. Чаирчани во 3.квалификациско коло во ЛЕ ќе го одмерат силите со Шамрок Роверс (Р.Ирска). Во случај да одат натаму тогаш ќе играат во плеј – офот во ЛЕ, а ќе имаат загарантиран пласман во групната фаза во ЛК. Во случај на елиминација од Шамрок тогаш чаирчани ќе играат во плеј – офот во ЛК.
Ждрепката за ЛЕ е утре во 13 часот, а потецијалните ривали на Шкупи во плеј – офот се…
Гент (БЕЛ), Австрија Виена (АВС), Хартс (ПКО), Омонија(КИП), Сиваспор (ТУР), Дњипро(УКР), Силкеборг (ДАН), како и поразените од мечевите во ЛШ меѓу Динамо (ХРВ)/Лудогорец (БУГ), Шериф (МОЛ)/Плзен (ЧЕШ), Жалгирис(ЛИТ)/Бодо Глимт (НОР), Ферецварош (УНГ)/Карабах (АЗЕ), МакабиХаифа (ИЗР)/Аполон(КИП), Пјуник (ЕРМ)/Ц.Звезда (СРБ).
Ждрепката за плеј – офот во ЛК е закажана за 14 часот, а Шкупи ако биде елиминиран од Шамрок, за потенцијални ривали ги има победниците од следните двојки…
Викингур Рејкјавик (ИСЛ) – Лех Познањ (ПОЛ), Рига (ЛЕТ)– Хибернијанс (МАЛ), Балкани (КОС) – КИ Клаксвик (Ф. ОСТ), Зрињски (БИХ) – Тобол (КАЗ), Шахтјор Солигорск (БЛР) – Клуж (РОМ).
Шкендија ако го мине шведски АИК во третата квалификациска рунда во Лигата на Конференции,тогаш ќе игра во плеј – офот, а таму би играла со една од следните екипи…
Купс (ФИН) – Јанг Бојс (ШВА),Данди Јунајтед (ШКО) – АЗ Алкмар (ХОЛ), Вест Хем (АНГ), Молде (НОР) – Кишварда (УНГ), Фенербахче (ТУР) – Словачко (СВК).