Шкендија доби 600 билети за своите навивачи за првиот меч од 3. коло во квалификациите во Конференциската лига против АИК во Стокхолм. Од клубот информираа дека навивачите на тетовските „црвено-црни“ ќе бидат сместени на гостинската трибина лоцирана во југоисточниот дел на стадионот во секторите 106-103, а билетите за овој меч чинат 14,35 евра.
Натпреварот АИК Стокхолм – Шкендија ќе се одигра во четврток со почеток во 19 часот на стадионот „Френдс арена“ во Стокхолм.