Покрај ждрепката за можните двојки во плеј – офот во ЛШ и ЛЕ, денеска во Нион се одржа и ждрепката за плеј – офот во Лигата на Конференции. Во оваа фаза би можеле да имаме две екипи. Прво Шкупи, ако не успее да го мине Шамрок Роверс во 3.квалификациско коло во ЛЕ, а потоа и Шкендија, ако успее да го мине АИК во 3.квалификациско коло во ЛК.
Шкендија ако го мине АИК, е тогаш спектакл. Имено можно е во плеј – офот да игра со Фенербахче или Словачко.
Шкупи ако биде поразен од Шамрок, во плеј – офот во ЛК ќе игра со подобриот од двомечот Балкани (Косово) и Клаксвик (Ф. Острови). Супер ждрепка за чаирчани.
Инаку мечевите се играат на 18 и 25 август. Инаку ова е последна пречка за Шкендија за евентуален пласман во групната фаза во Лигата на Конференции, а таму ќе се најде Шкупи ако успее да го мине Шамрок Роверс во третата квалификациска рунда во ЛЕ.