Она што го вети, тоа и го исполни. Роберт Левандовски дојде во Минхен, се збогува со сите во неговиот досегашен клуб Баерн Минхен. Почнувајќи од раководството на клубот, потоа играчите и секако фановите кои искрено немаа баш симпатии за својот некогашен миленик.
Имено тие се “поздравија“ со новиот напаѓач на Барселона со силни провокации извикувајќи: Хала Мадрид…
Очигледно сакаа да го испровоцираат Левандовски, ако се знае какво е ривалството меѓу Реал и Барса.
#Lewandowski leaving Munich. Bayern fans: "Hala Madrid!" #FCBayern @SPORT1 @Carsten_Arndt pic.twitter.com/kHCoiZoHIy
— Kerry Hau (@kerry_hau) August 2, 2022