Челзи има „дил“ со Кукуреља

107

Досегашниот играч на Брајтон, Марк Кукуреља ги договори личните услови со тимот на Челзи и сега се чека само двата клуба да си подадат рака што се вели околу оштетата.

Кукуреља е тема на шпекулации речиси цело лето, откако одигра и повеќе од добро во дресот на Брајтон, па Премиер лигашките великани поитаа за да го доведат во своите редови.

Во текот на денешниот ден ќе се водат поинтензивни преговори на темата, и можно е до крајот на денот Кукуреља и официјално да стане дел од Челзи.

 

ПретходноФановите на Баерн со силни провокации кон Левандовски! (ВИДЕО)
СледноЛШ: Адеми и Ристовски го дознаа својот можен ривал во плеј – офот!