Трансфер шпекулациите од Италија утринава пренесуваат сензациоанлна вест во која се вели дека Челзи и Интер, два клуба кои имаат исклучително добри односи планираат мега трансфер на одеднаш три фудбалери.
Во Лондон за вкупна сума од 130 милиони евра би требало да се преселат, Милан Шкриниар, Дензел Данфрис и младата надеж Чезаре Касадај.
Овие два клуба веќе одработеа еден мега трансфер со враќањето на Ромелу Лукаку во Милано, а сега ова е очигледно нешто многу поголемо.
Шкриниар беше блиску до трансфер во ПСЖ но истиот пропадна. Набргу потоа се појави информација дека на „Џузепе Меаца“ немаат ништо против да се разделат со Данфрис, кој пристигна пред само една година за околу 15 милиони евра. Нероаѕурите минатата недела ја одбија првата понуда на Челзи за Касадеј, која беше 8 милиони фунти.