Артим Шаќири: АИК е фаворит, но на теренот Шкендија се почитува само себеси!

292

Шкендија утре на “Френдс Арената“ во Стокхолм, со почеток од 19 часот ќе го одигра првиот меч од 3.квалификациско коло во ЛК против АИК. Несомнено дека по Арарат и Валмиера, ова ќе биде најтежок предизвик за нашиот претставник.

На вечерашната прес – конференција во Стокхолм,стратегот на тетовци Артим Шаќири истакна…

Ова ќе биде сосема поинаков натпревар од претходните. Го респектираме противникот, и тоа максимално, АИК е фаворит на хартија, ама кога ќе влеземе на терен се почитуваме само себеси. Тука сме да одиграме квалитетен натпревар и да дојдеме до позитивен резултат пред реваншот следната недела во Скопје“ посочи Шаќири.

Тој се осврна и на фановите на Шкендија кои утревечер ќе ги има на “Френдс Арената“ во Стокхолм…

Сакаме со убава игра да ги задоволиме нашите фанови кои ќе бидат утре со нас. Ако одиграме онака како што ќе се договорме, ако го оствариме планот тогаш ќе одиме во следната рунда. Го анализиравме АИК, но јасно е дека за целосна анализа ќе треба повеќе време. Јас сум оптимист дека ќе дојдеме до добар резултат. Имаме информации за АИК и од тука од Шведска, се надевам дека се она што го одработивме подготвувајќи се за овој натпревар ќе биде доволно да дојде до резултат кој нас ни одговара“.

Шаќири во продолжение дополни…

Нивното најопасно оружје е нападот. Не е лесно на Ворсла да и се дадат 4 голови, но на првот натпревар примија 3, значи одбраната и е слаба страна, ќе гледаме тоа да го искористиме“заврши стратегот на Шкендија.

ПретходноЈуниорите убедливо поразени од Шпанија, ќе се борат за опстанок во „елитата“!
СледноНезири: Шкендија ќе оди на победа, сепак и со реми ќе бидеме задоволни!