Кавани ќе биде замената за Алер во нападот на Борусија (Д)?

165

35-годишниот ветеран, Единсон Кавани начелно прифатил да се пресели во Борусија Дортмунд и е подготвен да ги продолжи преговорите за настап во германскиот Бундеслигаш.

Авторитетниот весник „Билд“ отрива дека Борусија (Д) нема време за експерименти, затоа што брзо бара замена за повредениот напаѓач Себастиен Алер. Алер кој беше најавен како големо засилување и замена за Халанд, мораше да се оперира од тумор на тестисите, па засега не се знае точно колку ќе му треба за опоравување.

Засега голем проблем за ангажман на Кавани е неговата голема плата која ја надминува границата од 10 милиони евра годишно. Ако Единсон не прифати значително намалување на платата, тешко дека ќе може да се пресели во Дортмунд.

ПретходноХендерсон со остри напади за Манчестер Ј.: Бесен сум, ме излажаа!
СледноВаленсија потврди: Димитријевиќ една сезона на позајмица во Уникс Казан