Мертенс одбил понуда од Јувентус за да не стане предавник

260

Белгискиот напаѓач Дрис Мертенс одбил да се пресели во Јувентус затоа што не сакал да стане предавник на Наполи, пренесуваат италијанските медиуми. Тој е слободен откако му истече договорот со Наполи и е во потрага по нов клуб. Според „Газета дело Спорт“ Јувентус му понудил на Белгиецот пет милиони евра по сезона, но тој не сакал да ја прифати нивната понуда поради лојалноста кон Наполи.
Тој остави длабок белег во Неапол, изгради лице пред навивачите на Наполи и не сакал тоа да го расипе. Се поизвесно е дека тој ќе оди во клуб надвор од Италија, а се споменуваат Премиер лигата и Бундес лигата.

ПретходноТренерот на Шамрок: Шкупи е многу, многу опасен тим!
СледноФеникс 2010 се пофали со засилување од САД: Добредојде Чак!