Отсекогаш модерно било на своите деца да им даваш имиња како Меси, Марадона, Пеле, Кристијано, Роналдо, но досега не сме слушнале на другиот крај од светот некој да му даде има не сојот син по спортист од Балканот.
А кој друг ако не Новак.
Па така извесен Вимпер Фернандез од Еквадор, држава во Ј. Америка, на својот син му дал име Новак и сега бебето се вика НОВАК ФЕРНАНДЕЗ.
По ова се гледа колкава е популарноста на најдобриот тенисер во светот.
“Добредојде на овој свет Новак Фернандез. Уште еден нов волк се придружи на глутницата. Да се чуваш. Ноле ГОАТ“ напиша гордиот татко на социјалните мрежи, се разбира со фотографија од неговиот син Новак Фернандез.
Која чест за Ноле…
Се разбира дека не изостанаа позитивните коментари на овој потег на гордиот татко.
Само не се знае како реагирала неговата сопруга, односно мајка на Новак Фернандез.