Савевски: Ремито е најреален исход!

239

Македонската женска кадетска репрезентација продолжува без пораз и по четвртиот меч на Светското првенство У18 кое се одржува во Скопје. Во првиот меч од главната рунда, „црвено-жолтите“ одиграа без победник против Шведска, Дукоска ги постави конечните 20-20.

Победа на овој меч значеше пласман во четвртфиналето, кое Македонија може да го обезбеди и со реми против Исланд во петок.

Селекторот, Љубомир Савевски по мечот потенцираше дека ремито е најреален исход.

„Мислам дека ремито е фер исход на овој натпревар. Имавме свои шанси, но Шведска е многу добар тим и тие одиграа многу тешко и добро“, изјави Савевски, кој заедно со ракометарките ќе имаат ден одмор пред главната битка за место меѓу најдобрите осум селекции на Мундијалот.

ПретходноКадетките по голема драма до реми против Шведска (ФОТО)
СледноПролет и Бутел ги „запалија моторите“