Дознаваме дека експедицијата на чаирчани имала и тоа какви проблеми, нешто што е (не)вообичаено кога се патува за Р. Ирска, при летот за Даблин и слетувањето во Р. Ирска.
Иако се патувало со чартер, и дестинацијата била Даблин, сепак во последен момент, додека авионот бил на пат кон Р. Ирска, кажано им било на пилотите дека не смеат авионот да го приземјат во Даблин, туку дека треба тоа да го сторат на друго место кое е одалечено дури 300 км.
И кога е така,значи организациски хаос што се вели, сега следува тричасовенно возење со автобус до Даблин.
Тоа значи дека тешко четата на стратегот Гоце Седлоски ќе пристигне на време за да го одработи тренингот, или тоа ќе го стори во доцните вечерни часови.
Иако се дадени многу пари за овој чартер, иако Шкупи сакаше се да биде како што треба, ете, патувањето во Р. Ирска каде што утревечер ќе играат против Шамрок засекогаш ќе го паметат.