Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хег е многу лут поради однесувањето на Кристијано Роналдо во неделата, тврди таблоидот „Сан“. Португалецот викендов за првпат се вклучи на контролите на тимот во предсезонските подготовки на мечот со Рајо Ваљекано (1:1) по само два одржани тренинзи со тимот.
37-годишниот фудбалер размени остри зборови со тренерот и беше заменет на полувремето, а потоа реши да го напушти стадионот 10 минути пред крајот на натпреварот.
„Лош вкус е да си заминеш рано кога си учествувал во натпреварот. Поинаку е кога не играш, а гледаш од трибините. Се очекува некој што бил на теренот да остане до крај и да ги слушне зборовите на тренерот. Исто така, многу луѓе дојдоа на стадионот специјално за Роналдо, а тој реши да си замине и да не ги поздрави по мечот. Тен Хаг беше бесен“, изјави извор од клубот.