Хендерсон со остри напади за Манчестер Ј.: Бесен сум, ме излажаа!

885

25-годишниот голман на Манчестер Јунајтед, Дин Хендерсон кој ова лето се пресели во Нотингем Форест, гоотвори срцето за 12-те месеци поминати на „Олд Трафорд“.

Хендерсон во интервју наведува дека местото прв голман во Јунајтед му било ветено пред дас е врати во тимот минатата сезона. Тој беше позитивен на ковид-19 и го пропушти претсезонскиот камп на клубот, но вели дека тоа не било причина да не му дадат шанса како стартер.

„Добив корона, се вратив, и сепак требаше да бидам број еден. Но, за жал, никој не го одржа ветувањето кое ми го дадоа“, вели Дин Хендерсон за TalkSport .

„Да бидам искрен, тоа беа најтешките дванаесет месеци во мојата кариера. Бев бесен. Беше фрустрирачки бидејќи одбив многу понуди за добра позајмица минатото лето само за да останам во Јунајтед бидејќи ми ветија дека ќе бидам прв избор. Да седиш таму и да фрлиш дванаесет месеци во воздух, тоа е навистина криминално на мои години, збеснав“, вели Хендерсон.

ПретходноГаздата на Наполи бесен: Повеќе нема да купувам африканци!
СледноКавани ќе биде замената за Алер во нападот на Борусија (Д)?