Можно е по само една година мината во Белгија, во дресот на Вестерло, нашиот репрезентативен напаѓач Ердон Даци да се врати во Турција и тоа во суперлигашот Аланијаспор. Како што пренесуваат медиумите во Турција, челниците на Аланијаспор ги следат настапите на Даци во тимот на Вестерло во елитната лига на Белгија, во првото коло тој беше и стрелец, па можно е набрзо да испратат и понуда со цел Даци се врати во Турција. Велиме да се врати зошто минатото лето тој од Коњаспор се пресели во Белгија, па турската фудбалска јавност многу добро знае за каков фудбалер станува збор.