Ирците останаа без капитенот за дуелот со Шкупи, но имаат две нови засилувања

698

Македонскиот шампион Шкупи утре гостува во Даблин каде против екипата на Шамрок Роверс ќе се бори за место во плеј-оф фазата од Лигата на Европа. По елиминацијата од Лигата на шампионите, чаирчани се подготвени за новиот предизвик во двомечот со ирскиот состав.

Од Шамрок веќе потврдија дека за утрешниот меч со Шкупи нема да сметаат на својот најдобар фудбалер, капитенот Роберто Лопес, кој се уште отсуствува поради повреда. Сепак, тренерот на тимот Стивен Бредли за утрешниот дуел на располагање ќе има две нови имиња. Станува збор за последните засилувања за Шамрок, Даниел Клири и повратникот во Ирска, Сајмон Пауер.

Ирците веќе ја направија и анализата на играта на Шкупи, истакнувајќи дека чаирскиот  состав е исклучително силен во одбраната, но му недостасува темпо во играта во напад.

„Тоа е областа во која мислам дека Шамрок Роверс треба да нападне. Го имаме Рори Гафни кој е искусен и знае да го поведе нападот, има добро темпо, и со втрчување одзади, треба да добиваме топки преку шеснаесетникот. Факт е дека Шкупи има искусна бековска линија, а тоа е областа што мислам дека Шамрок Роверс треба да ја заобиколи“, вели еден од аналитичарите на националниот телевизиски сервис на Ирска, кој го анализираше дуелот кој се игра утре од 21 часот.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Милан го претстави Де Кателаере
СледноШкендија слета во Стокхолм, вечерва тренинг на „Френдс Арена“ (ФОТО)