Кадетките по голема драма до реми против Шведска (ФОТО)

375

Македонската женска кадетска репрезентација го запиша првото реми на Светското првенство кое се одржува во Скопје. Против Шведска, во првата пресметка од главната рунда се избори за реми 20-20 и остана против Исланд да брка место во четвртфиналето, а за таму им треба само бод. Јунакот на Македонија е Теа Дукоска, го постави конечниот резултат.

Јовановска со десет одбрани беше прогласена за играч на натпреварот, Младеновска постигна пет гола, сите во второто полувреме, зад неа беа Велкова и Дукоска со по три погодоци.

Избраничките на Љубомир Савевски го отворија мечот многу лошо, лошата реалзација беше причина за да Шведска поведе со 6-2. На нашите ракометарки им беше потребно време да ја консолидираат одбраната.

Па, во последните десет минути направија серија од 5-0 за водство од 10-9, во овој период, поточно цели седум минути противникот беше без постигнат гол. На одморот беше плус два за Македонија 12-10. Ива Младеновска постигна пет гола во овој дел од мечот, Јовановска имаше пет одбрани.

Шведска го врати водството, 12-13, на другата страна Македонија влезе во длабока криза, не успеа да ја искористи ниту предноста од играч повеќе. Првиот гол во второто полувреме, нашата репрезентација го постигна во 41 минута, Дукоска го скрши мразот за 13-13. Несторовска зголеми на 14-13, но дуелот продолжи да носи неизвесност.

Не искористивме две шанси да поведеме со три гола, противникот доби ново исклучување, но ние не реализиравме, следеше казна, Шведска поведе со 15-17 во 51. минута.

Ризоска со третиот погодок израмни на 17-17 на пет и пол минути до крајот. Сепак Шведска успеа да дојде на нови плус два 17-19, ние два напади ги завршувавме под принуда. Ризоска и Велкова израмнија на 19-19 за голема драма во СЦ „Борис Трајковски“.

На 46 секунди до крајот Шведска нападна со „седум на шест“ и реализираше за 19-20, Савевски повика тајм-аут, Дукоска погоди за конечни 20-20.

Македонија во петок игра против Исланд, со бод оди во 1/4 финалето.

ПретходноПораз и од Хрватска за јуниорките
СледноСавевски: Ремито е најреален исход!