Кадетките по заверка на четвртфинале на Светското првенство!

146

Македонската женска ракометна репрезентација до 18 години по перфектните три победи во низа на Светското првенство кое се одржува во Скопје, вечерва (20:30 часот) ќе има шанса да завери четвртфинале на Мундијалот.

Избраниците на Љубомир Савевски за противник ја имаат селекцијата на Шведска која исто како и Македонија пренесе два бода во главната рунда. Триумф ќе значи дека „црвено-жолтите“ уште денеска ќе се најдат меѓу најдобрите осум репрезентации на Мундијалот.

Македонија на стартот беше подобра од Иран, Узбекистан и Индија, додека на другата страна противникот ги совлада Црна Гора, Алжир, но беше поразена од Исланд.

И овој натпревар се игра во салата „Борис ТРајковски“, влезот е слободен.

ПретходноЛШ: Радески со Пјуник ја напаѓа Црвена Звезда
СледноУ-18 СП: Натпреварите на Македонија ќе бидат пренесувани на МРТВ!