Лесјак: Кузмановски ми кажа убави зборови за Пелистер и за градот!

243

Е.Пелистер го претстави новиот голман од Урбан Лесјак. Репрезентативецот на Словенија доаѓа од од Бундеслигата, а пофални зборови и информации добил од Филип Кузмановски.

„Кога стигна опцијата за Битола, веднаш ми беше интересна. Градот го знаев, бидејќи играв тука со Хановер. Филип Кузмановски ми кажа многу убави зборови за клубот, градот, организацијата, сопственикот и засега сè функционира супер и едвај чекам да почнат натпреварите.
Словенците имаат големо почитување за македонскиот ракомет. Знаеме што значеа Металург, Вардар и Еурофарм Пелистер, кој е на добар пат. Имаме добар ростер, имаме луѓе зад нас во клубот кои добро работат и верувам дека ова е добар проект.
Со голем ентузијазам гледам на проектот, бидејќи ако не беше така немаше ни да се одлучам да дојдам тука. Драго ми е што ќе имам голема одговорност, што ќе бидам битен за екипата. Верувам во својот квалитет и во квалитетот на екипата. Свесен сум дека голманската позиција е многу битна и ќе дадам сè од себе.

Тешко е да оценам каква е екипата во овој момент. Тешки се нозете, доста трениравме и физички се подготвувавме. Имаме интелегентна екипа која може да игра повеќе начини на ракомет – од брз, до тактичен. Спремни сме за сè сезонава“, изјави

Урбан Лесјак. 
ПретходноАланијаспор со интерес за нашиот репрезентативец Ердон Даци!
СледноЈуниорите убедливо поразени од Шпанија, ќе се борат за опстанок во „елитата“!