Македонскиот репрезентативец Марјан Радески пред неколку недели направи трансфер во Пјуник, па сега како член на ерменскиот шампион атакува по историја, пласман во плеј-офот на Лигата на шампионите.
Вечерва на „Рајко Митиќ“ во Белград, најтрофејниот ерменски клуб има тешка задача затоа што пред себе ја има Црвена Звезда, некогашниот европски првак, а во последните години редовен учесник во групите на ЛШ или ЛЕ.
Пјуник на патот до третото квалификациско коло ги елиминира романски Клуж, а потоа и Дуделанж од Луксембург по што се остри за уште една сензација. Звезда одмараше во претходните кола, па ова ќе им биде прв меч во Европа.
И украински Динамо Киев по елиминацијата на Фенербахче, оди на следното скалило, а за ривал го има Штурм Грац. Мечот се игра на „Миејски“ стадионот во Лоѓ, Полска.
Вечерва се играат и натпревари од квалификациите за Лигата на конференции.
ФОТО: Официјален сајт на Пјуник
ЛШ – ТРЕТО КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО
Први натпревари
БОДО/ГЛИМТ – ЖАЛГИРИС 18:00 ч.
КАРАБАХ – ФЕРЕНЦВАРОШ 18:00 ч.
МАКАБИ Х. – АПОЛОН 19:00 ч.
ДИН.КИЕВ – ШТУРМ 20:00 ч.
ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – ПЈУНИК 20:45 ч.
ЛК – ТРЕТО КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО
Први натпревари
РИГА – ЖИЛ ВИСЕНТЕ 19:00 ч.
ВИБОРГ – Б36 19:00 ч.
ВОЛФСБЕРГЕР – ГЗИРА 19:30 ч.
ДУН.СТРЕДА – ФЦСБ 20:30 ч.