Доцна синоќа, италијанскиот првак Милан го објави потпишувањето на договориот со новото летно засилување, Шарл Де Кетелаере од белгиски Бриж.
Играчот потпиша договор до 30 јуни 2027 година и во новата сезона ќе настапува со дресот со број 90.
Де Кателаере е младинец на Бриж и своето деби за клубот го имаше во 2019 година. Оттогаш одигра 120 настапи и постигна 25 гола за еден од најголемите белгиски клубови, освојувајќи ја белгиската лига три пати, а двапати го освои и Суперкупот.
Official Statement: Charles De Ketelaere ➡️ https://t.co/VtKTmMciAo
Comunicato Ufficiale: Charles De Ketelaere ➡️ https://t.co/X3dTU6aXhp#ReadyToLeaveAMark #SempreMilan pic.twitter.com/17kFVVPheF
— AC Milan (@acmilan) August 2, 2022