Во сабота стартува новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. На отворањето во Струга (од 17:30 часот) ќе се соочат Струга Трим Лум со Победа. Во недела се играат уште два натпревари и тоа Силекс против Работнички и Академија Пандев против Брегалница (двата меча почнуваат од 17:30 часот).
Екипата на Македонија Ѓорче Петров е слободна поради тоа што Ренова се откажа од настапите во најсилната македонска фудбалска лига, додека натпреварите на Шкендија и Шкупи се одложени поради настапот на овие две екипи во европските купови.
Шкендија својот меч од 1.коло против Скопје ќе го одигра на 17 август, додека Шкупи против Тиквеш во Кавадарци ќе игра на 7 септември.