Францускиот репрезентативец Пол Погба одлучи да не оди на операција на коленото за да може што подобро да се подготви за настапот во дресот на триколорите на Мундијалот во Катар, кој ќе се одржи на крајот од 2022 година, објавија светските медиуми денеска.
Погба со „конзервативна терапија“ да го реши проблемот со повреденото колено.
Играчот од средниот ред на Јувентус се повреди на еден од првите тренинзи. Доколку би го оперирал коленото, Погба сигурно би го пропуштил Светското првенство во Катар од 21 ноември до 18 декември, вака остави да се лекува со масажи, одмор и рехабилитација.