Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ во новата сезона ќе игра за рускиот Уникс Казан и тоа како позајмен кошаркар од Валенсија. Шпанскиот клуб претходно го потврди трансферот, а истото го направи и Уникс со што нашиот репрезентативец ќе настапува во руската ВТБ лига која е доста квалитетна.
По објавувањето на трансферот, тргнаа и шпекулациите за сумата која ќе ја заработи нашиот кошаркар. Се споменува пола милион евра за сезоната што ќе ја одигра за Уникс.
Unics BC Kazan signing of Nenad Dimitrijevic 500k per season pic.twitter.com/QGQGaYeOZd
— Skywalker-Basket info (@InfoSkywalker) August 3, 2022