Пораз и од Хрватска за јуниорките

79

Нашата женска јуниорска репрезентација со денешниот натпревар против Хрватска ја заврши групната фаза од натпреварувањето во рамки на Европското Првенство за кошаркарки до 18 години, дивизија Б, кое од 30. јули се одигрува во Бугарија. Избраничките на Никола Златев загубија од Хрватска со 43-96 односно 3-33, 14-24, 16-27 и 10-12 по делници (листа на стрелци).

Со овој натпревар официјално заврши првичната групна фаза, а сега следат натпреварите од разигрувањето за конечен пласман на Европското првенство. Нашите кошаркарки, како петторангирани во групата А од вкупно пет репрезентации, ќе разигруваат против Естонија (17:30) во првиот натпревар во борбата за пласман од 9-18 место на првенството.

ПретходноНезири: Шкендија ќе оди на победа, сепак и со реми ќе бидеме задоволни!
СледноКадетките по голема драма до реми против Шведска (ФОТО)