АИК се пофали: Досега 12.000 продадени билети за мечот со Шкендија

442

Утрешниот меч на „Френдс Арена“ во Стокхолм очигледно ќе се игра пред добро пополнети трибини. На ден пред натпреварот меѓу АИК и Шкендија во рамките на 3. квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА, шведскиот клуб објави дека досега се продадени 12.000 билети за утрешниот меч.

Капацитетот на „Френдс Арената“ е 50.000 места, но од АИК се надеваат дека до утрешниот почеток на мечот во 19 часот, бројката на продадени билети ќе биде уште поголема. Шкендија исто така очекува поддршка од своите навивачи кои најавија присуство на дуелот во шведската престолнина. АИК за навивачите на Шкендија обезбеди околу 600 билети.

ПретходноВаленсија потврди: Димитријевиќ една сезона на позајмица во Уникс Казан
СледноПознато е колку ќе заработи Димитријевиќ за една сезона во Уникс