Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, повторно го сврте вниманието на светските медиуми со својот последен медиумски настап. Имено, тој вчера за време на телевизиски пренос изјави дека повеќе нема да купува африкански играчи, освен ако не се согласат да се воздржат од настап на африканските првенства.
„Ние сме идиоти кои им плаќаме плати само за да одат низ светот да играат за други“, изјавил Де Лаурентис.
Наполи во тимот ги има Виктор Осимхен од Нигерија и Андре Замбо Ангуиса од Сенегал, а неодамна го продаде Сенегалецот Калиду Кулибали.
„Им реков, не ми зборувајте повеќе за Африканци. Ги сакам, но или ќе потпишат договор во кој пишува дека нема да учествуваат на африканските првенства или нема да играат за нас“.