ЛШ: Радески со Пјуник ја напаѓа Црвена Звезда

264

Македонскиот репрезентативец Марјан Радески пред неколку недели направи трансфер во Пјуник, па сега како член на ерменскиот шампион атакува по историја, пласман во плеј-офот на Лигата на шампионите.

Вечерва на „Рајко Митиќ“ во Белград, најтрофејниот ерменски клуб има тешка задача затоа што пред себе ја има Црвена Звезда, некогашниот европски првак, а во последните години редовен учесник во групите на ЛШ или ЛЕ.

Пјуник на патот до третото квалификациско коло ги елиминира романски Клуж, а потоа и Дуделанж од Луксембург по што се остри за уште една сензација. Звезда одмараше во претходните кола, па ова ќе им биде прв меч во Европа.

И украински Динамо Киев по елиминацијата на Фенербахче, оди на следното скалило, а за ривал го има Штурм Грац. Мечот се игра на „Миејски“ стадионот во Лоѓ, Полска.

Вечерва се играат и натпревари од квалификациите за Лигата на конференции.

ФОТО: Официјален сајт на Пјуник

ЛШ – ТРЕТО КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО
Први натпревари
БОДО/ГЛИМТ – ЖАЛГИРИС        18:00 ч.
КАРАБАХ – ФЕРЕНЦВАРОШ     18:00 ч.
МАКАБИ Х. – АПОЛОН    19:00 ч.
ДИН.КИЕВ – ШТУРМ         20:00 ч.
ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – ПЈУНИК        20:45 ч.

ЛК – ТРЕТО КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО
Први натпревари
РИГА – ЖИЛ ВИСЕНТЕ     19:00 ч.
ВИБОРГ – Б36          19:00 ч.
ВОЛФСБЕРГЕР – ГЗИРА   19:30 ч.
ДУН.СТРЕДА – ФЦСБ        20:30 ч.

ПретходноБоби Божиновски не е веќе дел од “лавовите“!
СледноКадетките по заверка на четвртфинале на Светското првенство!