Сите во таборот на Шкендија се свесни дека сега е она вистинското во фудбалска Европа. Ако во првите две кола во квалификациите во ЛК беше само загревање, сега доаѓа она потешкото, а тоа е двомечот со АИК.
Тимот од Шведска утре ќе биде домаќин, а еден од дефанзивците на Шкендија, искусниот Меџит Незири на пресот кој се одржа вечерва истакна…
“Нема сомневање дека ќе биде потешко. АИК е добар, квалитетен тим. Ние ќе се бориме, ќе го дадеме својот максимум за да дојдеме до позитивен резултат. Искрено Шкендија утревечер ќе оди на победа, но и со реми ќе бидеме задоволни. За нас и нерешено ќе биде добар резултат“ заврши левиот бек на Шкендија.