Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години во Измир се уште ја бара првата победа. Иако предводникот Тони Симиќ и неговите момци со голема помпа заминаа на ова првенство, а селекторот тврдеше дека ги одбрал најдобрите, сепак засега не видовме ништо спектакуларно, освен пораз од селекции кои во некои други времиња, можеби со многу подобар тренер, ќе успеевме да ги победиме и тактички ќе бевме потковани.
Но, се чини, статистиката на ова првенство е најважна. Во една ваква ситуација, кога се билда статистика наместо тимска игра, Македонија се најде во ситуација да се бори за опстанок, а таму ќе игра против Грција. Доколку по серијата од четири порази, „црвено-жолтите“ дојдат до победа ќе останат во А дивизија, спротивно ќе биде лошо.
Дуелот е закажан со почеток во 17:15 часот.