ПОТВРДЕНО: Рики Пуиг од Барса се сели во МЛС лигата

228

Официјално, Барса и Лос Анџелес Галакси постигнаа договор за трансфер на Рики Пуиг. И двата клуба веќе официјално потврдија дека Пуиг ќе биде дел од МЛС-тимот во следните три сезони.
Тоа ќе го направи Пуиг нова ѕвезда во американската фудбалска лига. Барса го задржува правото да го откупи играчот на крајот од секоја сезона и ќе задржи дури 50% од идната продажба.

Со оглед на тоа што МЛС лигата на секоја франшиза и дозволува само тројца фудбалери со посебна плата, Рики Пуиг ќе биде еден од нив, заедно со Мексиканецот Чичарито Ернандез и поранешниот бразилски играч од Баерн и Јувентус, Даглас Коста.

ПретходноПолувреме во Даблин: Ирците водат со 2:0, Шкупи во проблеми! (ВИДЕО)
СледноГуидети за ремито со Шкендија: Подобри сме од нив, ќе ги победиме на реваншот