Како што и официјално информираа од страна на клубот, Работнички потпиша професионален договор со големиот талент Никола Манојлов. Тој во текот на летните подготовки се наметна кај стручниот штабн на чело со Љупчо Марковски, па така се очекува во новата сезона да добие солидна минутажа на мечевите во ПМФЛ.
„Чест ми е што потпишав договор со Работнички. Верувам дека со напорна работа ќе се наметнам кај тренерот Љупчо Марковски и се надевам дека ќе дадам свој придонес на една успешна сезона на Работнички“ истакна Манојлов.
Од клубот дека негова работа се головите, поседува таков квалитет да се секогаш знае да се најде во вистинско време на вистинско место.