Артим Шаќири: Шансите и натаму се 50-50!

479

Шкендија одигра добро, успеа да остане непоразена на средбата со АИК во Стокхолм и има убава можност во Скопје на реваншот да го победи тимот од Шведска и се пласира во плеј – офот во ЛК. Секако дека АИК е добар тим, знае да одигра на резултат, но не е толку супериорен како што се мислеше.

Тие 1:1 од Стокхолм се добар резултат истакна по мечот стратегот на Шкендија Артим Шаќири.

Јас и натаму сметам дека шансите се 50-50. Јасно е дека не чека тежок меч на реваншот во Скопје, но ние ова реми, овие 1:1 ги заслуживме. Ние одевме на победа, таа беше нашата цел, но сепак се виде дека АИК е силен тим, не чека голема борба на реваншот, но сега ние ќе ја имаме поддршката од трибините“ рече покрај другот по мечот во Стокхолм стратегот на Шкендија.

ПретходноБеше ѕвезда на Валенсија, стана Ди-Џеј, па сега е фудбалски директор на Кипар
СледноАталанта го престави новото засилување – Адемола Лукман