Барди се договорил со тим од МЛС, но им откажал во последен момент

454

Шпанскиот „Ондасеро Валенсија“ пишува дека македонскиот репрезентативец Енис Барди се договорил со екипата на Ди Си Јунајтед која настапува во американската Мејџор Сокер Лига и каде што од неодамна тренер е Вејн Руни. Меѓутоа македонскиот фудбалер во последен момент ја откажал зделката.

Како што пишува „Ондесеро“ играчот од средниот ред во последен момент се откажал од намерата да оди во МЛС не наведувајќи ги причините за тоа. Се чини дека Барди сака да остане во Европа, а со денови се пишува дека тој ќе биде нов фудбалер на Олимпијакос.

Од грчкиот тим соопштија дека се многу блиску до договор, а засега се чека потврда. Наводно Грците се согласиле да платат 6 милиони евра на Леванте како отштета.

Доколку биде се како што треба Барди за Олимпијакос ќе потпише договор на 3+1 година за годишна плата од околу 1,5 милиони евра.

 

ПретходноЧелзи го претстави 18-годишниот талент за кого плати 20 милиони фунти
СледноСедлоски мора да прави рокади: Шкупи со нови бекови против Шамрок!