Виктор Ефремовски и во новата сезона ќе го носи дресот на КК Гостивар.
Гостиварчани вечерва потврдија дека го продолжиле договорот со 23-годишниот кошаркар, кој минатата сезона се пресели во нивите редови од екипата на Работнички, за која настапуваше пет сезони.
Ефремовски минатата сезона одигра 32 меча за Гостивар со просек од 12,5 поени по натпревар.