Кајри Ирвинг веќе има план Б доколку ги напушти редовите на Бруклин. Според информациите од САД, најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во ЛА Лејкерс.
„The Athletic“ тврди дека тоа со сигурност ќе се случи, останува да се види дали ќе биде трејдуван или пак како слободен играч.
Одличниот кошаркар во претстојната сезона ќе заработи 36,5 милиони долари по што ќе ја активира опцијата слободен играч. Моментално недостига интерес за секаков вид на трејд, ЛА Лејкерс се позаинтересирани следното лето да го доведат Ирвинг како слободен играч.
Од друга страна, проблем за Лејкерси е Расел Вестбрук, тие сакаат да се ослободат од него, но нема да биде лесно.