ЛЕ: Шкупи и во Даблин нека покаже што знае!

181

 

По елиминацијата од Динамо Загреб заврши одисејата на нашиот шампион во квалификациите во ЛШ. Сега на ред е настапот во третата квалификациска фаза во Лигата на Европа, сега на ред зграпчување на шансата која се вика настап во групна фаза во ЛЕ или ЛК.

Шкупи вечерва во Даблин, на “Талахт Арената“ од 21 часот ќе го одигра првиот меч од 3.квалификациско коло во Лигата на УЕФА и тоа против Шамрок Роверс. Познато е веќе, во случај на севкупен триумф со Ирците, четата на тренерот Гоце Седлоски ќе обезбеди најмалку пласман во групната фаза во Лигата на Конференции, но за тоа потоа.

Сега во мислите на чаирчани е само првиот меч со Шамрок. И одново Шкупи имаше проблеми со патувањето, ова лето како на чаирчани им стана навика,но тоа е тоа, и тоа треба да се заборави.

Шамрок Роверс е тим кој секако дека е далеку од класата на Динамо Загреб, но исто така е тим кој не смее никако да се потцени или да се сфати дека ќе биде лесно, напротив. Ако веќе Ирците стигнале до тука тоа треба да се почитува и цени. Нивниот тренер посочи дека Шкупи е многу, многу опасен тим, па ајде нека чаирчани го докажат тоа и среде Даблин.

Вечерва се играат важни 90.минути, но не и пресудни, имено со добар резултат вечерва, се ќе се решава на реваншот во Скопје.

Дури по мечот во Скопје, ќе се знае дали Шкупи ќе игра во плеј – офот во ЛЕ против Карабах или Ференцварош, но и со загарантиран пласман во групната фаза во ЛК, или пак ќе игра во плеј –офот во ЛК против Балкани или Клаксвик.

Ние сите сакаме да се оствари првата варијанта.

ПретходноГРК Тиквеш задржа уште двајца ракометари
СледноИрвинг го одбра следниот тим!