ЛК: Шкендија сака, Шкендија може и АИК да го мине!

975

 

Вечерва на “Френдс Арената“ во Стокхолм со почеток од 19 часот, Шкендија ќе му гостува на АИК во првиот меч од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Повеќе од јасно е дека тимот од Шведска е сосема некоја друга димензија во однос на претходните ривали на тетовци како Арарат и Валмиера, но фудбалерите на нашиот тим токму во првите две кола покажаа дека може да се носат со ривали како АИК со оглед на тоа дека рутински и без многу мачење се прошетаа против Ерменците и Летонците.

Од таборот на Шкендија ветуваат голема битка, вечерните први 90 минути ќе бидат она вистинското за момците на стратегот Артим Шаќири, кои се надеваме дека ќе одиграат како што знаат, како што треба со цел да се дојде до добар резултат па за да во реваншот во Скопје се решава патникот за плеј – офот во Лигата на Конференции.

А таму се знае, Шкендија би го чекала поразениот од двомечот меѓу Фенербахче и Словачко.

Вечерва на трибините на “Френдс Арената“ ќе има стотина фанови на Шкендија, тие ќе ја дадат сета поддршка на Хасани и другарите, со цел да се мине и оваа пречка ова европско лето.

May be an image of 2 people

За тоа што може да се очекува од овој вечерашен меч во Стокхолм, коментар има Аденис Шаља, офанзивецот на тетовци:

“Ќе биде тежок натпревар. АИК е квалитетен тим, но дуелите со ваквите екипи се добра можност да го покажеме и сиот наш квалитет. Многу важно ќе биде да извлечеме добар резултат вечерва во Стокхолм, за да потоа во реваншот со поддршка од нашите фанови стигнеме до плеј – офот“ изјави Шаља.

ПретходноЧелзи тргнува по ѕвездата на Барселона!
СледноГРК Тиквеш задржа уште двајца ракометари