На Суарез му беа потребни неколку минути за да го покаже вистинското лице!

1359

Ако некој ова лето изненади со својот трансфер тоа е Луис Суарез. После 16 години во Европа се врати во матичниот Национал каде е пречекан како вистински крал. За кратко време стана омилен меѓу навивачите, па сигурно го чека возбудлива сезона во ново-стариот тим.

Дека ќе биде така покажа на својот прв настап во четвртфиналето на Копа Судамерикана против бразилски Атлетико.

Искусниот напаѓач доби 15 минути за игра, откако арбитерот досуди крај ја покажа својата лоша страна која го пратеше во текот на целата кариера. Тој веднаш влезе во дискусија со судии и ја бараше својата правда.

На крајот немаше многу причина за задоволство, бидејќи Национал беше совладан со 0-1, па пласманот во полуфинале станува тешка мисија.

ПретходноКошаркарите против Грција за опстанок во А Дивизија!
СледноЧелзи тргнува по ѕвездата на Барселона!